Љубомир Младеновски и во следната сезона ќе ги брани боите на Пелистер. Македонскиот репрезентативец претходната сезона за прв пат во кариерата го облече дресот на битолските „зелено-бели“, а по успешната сезона ќе остане во редовите на вицешампионот за престојната битка за трофеи.
Центарот на 33 одиграни натпревари во Првата кошаркарска лига бележеше просек од 6.6 поени, 5.3 скока и 1.3 блоквои по натпревар, а настапи на сите 13 натпревари во АБА2 лигата каде во просек бележеше 6.5 поени и 3.7 скока.
Покрај продолжување на договорот со 27-годишникот денеска битолчани во составот ги вратија Александар Јовановски и Мартин Ристевски. Кошаркарите кои претходната сезона настапуваа во Втората кошаркарска лига се првите засилувања по Оливер Двојаковски.
Како потсетување, претходно клубот го напуштија Игор Кесар кој се пресели во романскиот Темишвар и Марјан Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

