На патеката Матка денеска беше отворено 51.издание на традиционалниот ИКАС. На програмата беше Европскиот куп во спуст на дива вода, а најдобропласиран Македонец беше Љубомир Спасиќ во кајак К1, на шестата позиција. Две места подолу се пласираше Александар Златаров. Во оваа конкуренција првото место го освои Србинот Сретен Биљиќ, пред босанскиот натпреварувач Душан Мачкиќ.
Во конкуренцијата кану Ц1 најдобар беше Лука Обадиќ од Хрватска, пред сонародникот Јадран Зоњиќ и српскиот натпреварувач Павле Здравковиќ.
Кај дамите, најдобра во кајак К1 беше Маја Штимац од Хрватска, а во кану Ц1 славеше нејзината сонародничка Алба Зое Гризин.
Во конкуренција кану дабл Ц2, првото место го освоија Лука Обадиќ и Иван Толиќ.
Утре на програмата се полуфиналните и финалните трки на Илинденскиот кајак слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА