Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води Љубомир Спасиќ и член на Кајак-кану клубот Арка-Борец настапи на последните две кола од Европските купови кои се одржаа во Чешка. Тој пред последните и финални натпревари во Чешка во текот на оваа година настапи и во првото и второто коло од Европските купови каде што блескаше со своите резултати.
На старот од Европскиот куп го освои сребрениот медал додека на вториот Европски куп се пласираше во А-финалето и го освои 9. место и со овие два натпревари успеа да се најде на 2. место во Европа на рангот од Европските купови.
Со настапот во Чешка на финалните два натпревари Спасиќ успешно ги заокружи со постигнување на одлични резултати. По настапот во третото коло од Европскиот куп по првото возење се пласираше на 23. место што го одведе во Б-финале каде што заврши како 13-то пласиран од 64 натпреварувачи.
Додека во финалето Љубомир Спасиќ го подобри својот пласман. Во своето прво возење се пласираше на 21. место со што успеа да се најде во Б-финалето каде што заврши на 10. место од 45 натпреварувачи.
Со овие настапи Љубомир Спасиќ ја потврди три годишната доминација во Европа и успеа да се најде повторно како и во 2016 година меѓу првите пет натпреварувачи на конечната Европска ранг листа. Тој се подготвува и за настапот на својот последен натпревар за оваа сезона надвор од рамките на нашата држава Светското првенство во Франција кое ќе се одржи на крајот на септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА