Џордан Хендерсон се најде на списокот на желби на саудискиот клуб Ал Етифак кој неодамна за тренер го постави Стивен Џерард. Саудиците се подготвени да му ја зголемат платата за 50 отсто од таа која ја има во Ливерпул, за да ја исполнат желбата на новиот тренер кој сака својот поранешен соиграч да го доведе во новиот клуб.
Но, за разлика од многумина пред него, Хендерсон нема да намера да тргне по парите и цели кон останување во Луверпул со цел да им помогне на „црвените“ да освојат што е многу повеќе трофеи во новата сезона, но воедно и да биде во топ форма за настап на ЕВРО 2024, пренесуваат англиските медиуми.
Хендерсон кој веќе важи за легенда на клубот е дел од Ливерул од 2011 година. Досега настапи на 492 натпревари и ги освои сите можни трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

