Фудбалерките на Љуботен се нови шампионки на Македонија за сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска женска лига.
По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, „љуботенки“ се закитија со двојната круна, повеќе од заслужено доаѓајќи и до титулата во првенството. Ова е трета едноподруго титула за Љуботен, а втора сезона по ред доаѓаат и до двојната круна.
Љуботен во последното коло славеше убедливо со 8-1 против Речица, завршија со 72 бода на табелата, еден повеќе од најголемиот конкурент за трофејот Каменица Саса.
РЕЗУЛТАТИ – 27.КОЛО
Скопје – Топ Гол 3-1
СЦ Истатов – Шкендија 2-7
Цевитана – Каменица Саса 0-4
АСС Унитед – Тиверија 2-6
Љуботен – Речица 8-1
КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Љуботен 72 бода, Каменица Саса 71, Тиверија 49, АСС Унитед 48, Скопје 47, Шкендија 28, СЦ Истатов 22, Речица 22, Топ Гол 18, Цевитана 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА