Љуботен и Каменица Саса ќе играат во битката за трофејот во Куп на Македонија, во реприза на минатогодишното финале во најмасовното клупско фудбалско натпреварување.
Фудбалерките на Љуботен без поголеми проблеми во полуфиналето ја совладаа Тиверија со 5-1, додека Каменица Саса триумфираше против битолскиот Топ Гол на домашен терен со 2-1.
Годинашното финале ќе се игра на 15 мај од 16 часот на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес.
Трофејот го брани Љуботен кој лани во финалето во Ѓорче Петров славеше убедливо со 4-0. Двете екипи водат голема битка и за титулата во шампионатот. Актуелниот шампион Љуботен во моментов има еден бод предност пред Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА