Љуботен убедлив против Рунавик, на чекор до квалификации во ЛШ

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, ЖФК Љуботен успешно ја мина првата пречка на претквалификацискиот турнир за настап во Лигата на шампионите.

Во полуфиналето нашиот најдобар женски фудбалски клуб беше убедлив против Рунавик од Северна Ирска со 4-1.

Иако Рунавик поведе со 0-1 со голот на Бенбакура во 12. минута, брзо стигна израмнување 1-1 преку Марковска во 15. минута. До крајот на првиот дел беше 3-1 со погодоците на Мустафа и Максути. Конечните 4-1 ги постави Охадиве во 63. минута.

Во финалето на претквалификацискиот турнир Љуботен ќе игра против Пјуник од Ерменија.

Се вчитува...