Љубов кон клубот: Модриќ не го остава Реал Мадрид на цедило сред сезона

Лука Модриќ заминува од европскиот фудбал и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе му се приклучи на поранешниот соиграч од редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Хрватот кој долго време одбиваше преселба во егзотичното првенство доби дознаење дека во сезоната 2024/25 Реал Мадрид нема да смета на неговите услуги па се е спремно за залезот на кариерата во шампионатот кој се повеќе добива на внимание во последните години.

А, и покрај тоа што се очекуваше 38-годишникот преселбата да ја направи на почетокот на 2024 година, до истата нема да дојде во јануари. Причина за истото се повредите во „кралските“ редови кои му создаваат големи проблеми на Карло Анчелоти па со цел одново да му излезе во пресрет на Италијанецот, но и на клубот за кој настапува веќе една децецнија, Хрватот ќе ја заврши сезоната во Шпанија па потоа ќе следи преселба.

Модриќ првиот настап за Реал Мадрид го имаше во 2012 година. Оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот притоа освојувајќи три титули во Ла Лига, две во Купот на Шпанија, четири во Суперкупот на Шпанија, пет во Лигата на Шампионите и четири во УЕФА Суперкупот.

Се вчитува...