Љубов кон татковината: Богдановиќ и Милутинов во финалето на СП настапиле повредени

Српската кошаркарска репрезентација го освои сребрениот медал на Светското првенство кое оваа година се одржуваше во Филипини, Индонезија и Јапонија. „Орлите“ во големото финале беа поразени од Германија во одличен натпревар во која нашиот северен сосед сепак настапил со повредени играчи, открива докторот на репрезентацијата.

Говорејќи за српските медиуми докторот Драган Радовановиќ откри дека лидерите на репрезентацијата, Богдан Богдановиќ и Никола Мулутинов против Германците имале посериозни проблеми.

„Милутинов имаше удар во листот на натпреварот со Канада. Имаше болки, но го подготвиваме за да може да настапи. Богдановиќ пред мечот осети омалаксаност и слабост како да има вирусна инфекција. Веднаш интервениравме со терапии и релативно брзо го доведовме во ситуација да може да игра“, изјави Радовановиќ.

Србија во големото финале настапи и без Огњен Добриќ кој заработи повреда во воведните минути. Доскорешниот кошаркар на Црвена Звезда допрва треба да помине низ серија на прегледи за да се утврди сериозноста на поведата.

Се вчитува...