„Љубов на прв поглед“ – Снајдер откри како го спасил Жозе Мурињо

Поранешниот холандски фудбалер Весли Снајдер емотивно говореше за својата кариера и откри непознати факти поврзани со заминувањето од Реал Мадрид во 2009 година, преслебата во Интер и соработката со Жозе Мурињо за кој вели дека му ја спасил кариерата.

Снајдер нема по добро да го памети заминувањето од Реал Мадрид, но ќе ја памети „слатката одмазда“ со освоениот трофеј во Лигата на Шампиони со Интер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Најлошиот момент од кариерата ми беше заминувањето од Реал Мадрид. Ме посрамотија бидејќи отидов на тренинг и кога се вратив во соблекувалната најдов празно шкафче и мои работи кои беа ставени на страна. Бев да разговарам со претседателот, а тој не ми даде многу време само ми кажа дека повеќе не сум во нивните планови бидејќи сакаат да ја освојат Лигата на Шампиони.

Пред да заминам од канцеларијата му кажав. „Господине, да знаете. Јас каде и да одам, ќе играм за да победам“, се присети Снајдер.

Холанѓанецот спасот го нашол во Жозе Мурињо кој претходно не го познавал, но како што вели тоа било љубов на прв поглед.

„Два дена подоцна ми се јави Мурињо. Мислам дека го нашол мојот број од Чиву бидејќи не се знаевме лично. Ми кажа: „Весли, знам дека си во тешка ситуација. Дојди во Интер и ќе освоиме се заедно“.

Со Мурињо тоа беше љубов на прв поглед. Ме увери дека сум еден од најважните играчи во тимот и дека заедно ќе ја освоиме Лигата на Шампиони. Можеби го прави тоа со секој играч, но верувајте ми. Една година со него е како десет со некој друг.

Како заврши? Знаете… Ја освоив Лигата на Шампиони на „Бернабеу“. Го ставив трофејот пред моето шкафче и реков „Јас секогаш ги исполнувам ветувањата“. Тоа беше најдобриот момент од мојата кариера“, додава Холанѓанецот.

Се вчитува...