Украинскиот боксер Владимир Кличко, по разделбата со актерката Хејдер Пенетиер со која има тригодишна ќерка, сега покрај себе има нова девојка.
По бурната врска со холивудската актерка, на 42-годишниот Украинец му се смени вкусот и си најде девојка од светот на боксот. Кличко е во врска со првата дама во боксот – Сесилија Брекхаус.
37-годишната боксерка е родена во Колумбија, но уште од петгодишна возраст живее во Норвешка. До 13-годишна возраст Сесилија се занимава со кик-бокс, а потоа се префрла во бокс. Во аматерскиот ринг има 75 победи во 80 меча.
За да се префрли во професионалниот бокс, Сесилија Брекхаус се преселува во Германија и таму гради успешна кариера. Во 2017 година беше прогласена за боксерка на годината. Таа е и единствената жена што станала апсолутен светски шампион и што успеала да ги обедини титулите од сите боксерски федерации – ВБА, ВБЦ, ВБО, ИБФ и ИБО.
Во професионалниот ринг, Сесилија Брекхаус има 34 победи од исто толку мечеви од кои девет со нокаут. Таа е најдобрата боксерка во светот, но и една од наатрактивните спортистки во рингот.
Од 2015 година таа е дел од промотерската компанија на браќата Кличко „K2 Promotions“. Заради овој ангажман сесилија често гостува во Киев и пријателството со Владимир Кличко прераснува во љубовна врска.
Сесилија присуствуваше на последните борби на Украинецот како негов специјален гостин. Боксерската двојка често е заедно и во професионалниот и во приватниот живот, а нивните заеднички фотографии брзо се најдоа и на насловните страници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА