Баерн Минхен како да нема доволно проблеми на резултатски план, па еден од асовите на баварскиот гигант мораше да заглави и во љубовен скандал. Дефанзивецот Лукас Хернандез се најде во центарот на вниманието откако неговата сопруга Амелија де ла Оса Лоренте на својот инстаграм профил објави дека се разведува од асот на Баерн, воедно обелоденувајќи го и името на неговата љубовница.
Хернандез и Амелија имаат прилично турбулентен брак, почнаа со бракоразводна парница минатата година, но постапката беше стопирана на барање на фудбалерот. Се чинеше дека проблемите се надминати, но Амелија јасно стави до знаење дека бракот е завршена работа за неа, „подарувајќи“ го Лукас на Кристина Бучино.
„Можеш да престанеш да „играш“ на две страни Лукас. Ти го подарувам, Кристина Бучино. Само немој да заборавиш дека имаш две деца кои воопшто и не доаѓаш да ги видиш“, напиша Амелија на својот инстаграм профил, со што веднаш стана главна тема на таблоидите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА