Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ не блеска од почетокот на сезоната. Многумина се прашуваат зошто е далеку од својата препознатлива форма, има различни претпоставки, а во оваа смисла најдалеку отиде торинскиот спортски дневен весник „Тутоспорт“.
Сепак, уредниците на популарниот весник овој пат го обоија текстот за „деветката“ на „бјанконерите“ со жолта боја, поврзувајќи ја неговата лоша форма со приватниот живот.
Тоа донекаде се поклопува со причините кои минатиот август ги наведе Фудбалскиот сојуз на Србија, кога отсуството на Влаховиќ од списокот на селекторот Драган Стојаковиќ беше образложено со „семејни проблеми“. Напаѓачот на српската репрезентација го нема ниту на поширокиот список за октомврискиот собир на националниот тим.
„Тутоспорт“ инсинуира дека врската на Влаховиќ со неговата партнерка Вања Богдановиќ западнала во нова криза и дека најверојатно дошло до раскин на врската на двајцата, кои се познаваат практично од детството.
Како „доказ“ весникот наведува дека младата белграѓанка го деактивирала својот Инстаграм профил, заедно со исчезнувањето на заедничките фотографии и снимки од профилот на Душан на оваа социјална мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА