Љубовта кратко траеше: Бабунски експресно ја напушти Беса

Неочекувано кратка беше авантурата на Бобан Бабунски како шеф на стручниот штаб на Беса, откако македонскиот прволигаш денеска објави дека се разделува од поранешниот македонски репрезентивец, кој нема да го води тимот на ниту еден натпревар.

Бабунски потпиша за Беса на 15 декември и требаше да го води најмалку во вториот дел од оваа сезона. Сепак, денеска стигна шокантна информација откако Беса преку клупско соопштение објави дека ја прекинува соработката со овој стратег.

„Беса сака да информира дека Бобан Бабунски, кој беше именуван за прв тренер, нема да го води нашиот тим. По недоразбирањето е промената во однесувањето на тренерот во однос на работи кои претходно беа договорени, клубот денеска реши да ја прекине соработката. Ние ќе почнеме со подготовки на 10 јануари 2025 година. За сите натамошни промени ќе информираме преку профилите на социјалните мрежи“, се вели во соопштението на Беса.

Се вчитува...