Љубовта помеѓу Серхио Рамос и Севилја траеше само една сезона

Искусниот шпански стопер Серхио Рамос на почетокот на изминатата сезона се врати назад во клубот од каде што ја започна фантастичната кариера во која освои се што можеше да се освои, Севилја, но по само една сезона повторно заминува од „Рамон Санчез“.

Рамос настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, а и покрај тоа што шпанскиот клуб целел да ја задржи легендата на најмалку уште една сезона тој заминува од клубот со цел да премине надвор од Европа.

За Рамос постои сериозен интерес од повеќе тимови од Соединетите американски држави и Саудиска Арабија, тимови кои воедно му нудат и богати договори пред самиот крај на кариерата.

Се вчитува...