Љубовта продолжува: Најдобриот пријател на Меси потпиша нов договор со Интер

Интер Мајами се закити со шампионската титула, во меѓувреме остана без Алба и Бускетс кои заминаа во пензија, но Лео Меси и Дејвид Бекам се погрижија тоа да не биде случај и со Луис Суарез.

Договорот на уругвајскиот голгетер, кој важи за најдобар пријател на Меси во светот на фудбалот истече со освоената титула, Суарез не криеше дека сака да се врати во татковината и таму да ја заврши кариерата, но Меси и Бекам успеаја да го убедат да остане уште една година во Мајами.

Тој денеска и официјално потпиша нов договор со Интер, со што ќе продолжи да ги брани боите на овој клуб и во 2026, на 39-годишна возраст.

Иако се наоѓа на залезот на кариерата, Суарез се уште игра во топ-форма во МЛС, придонесувајќи со 17 гола и 17 асистенции во освоената титула во 2025 година.

Се вчитува...