Откако не успеа да оствари ниту една победа во првите две кола против Хофенхајм дома и со Вердер на гости, Ерик тен Хаг е веќе поранешен во Баер Леверкузен. Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед не ги оправда очекувањата, и утрово на состанокот челниците на поранешниот првак одлучија да го сменат.
Тен Хаг дојде на почетокот на сезоната, но досега немаше импресивни игри. Тој беше замената за Чаби Алонсо, кој остави траен белег во клубот и се пресели во Реал Мадрид. Но, треба да се има во предвид фактот дека Тен Хаг имаше „унаказана“ екипа, односно си заминаа главните играчи Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Баер Леверкузен во првото коло загуби дома од Хофенхајм, а во второто одигра 3-3 против Вердер, и покрај тоа што има предност од 1-3 и играч повеќе на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

