Рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург сака да го купи крилниот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс. Тренерот на овој клуб, Мирчеа Луческу, смета дека Мертенс би бил одлично засилување за неговиот тим и подготвен е да плати 25 милиони евра за негов ангажман. Од Зенит си заминува Аксел Витсел, кој кариерата ќе ја продолжи во Кина, а парите од неговиот трансфер ќе бидат насочени кон ангажманот на Мертенс.
Белгиецот оваа сезона има 11 гола на 16 натпревари во Серија А, и еден од главните адути на тренерот Сари по повредата на Аркадиуш Милик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА