Искусниот 78-годишен тренер Мирчеа Луческу, пред неколку недели си замина од клупата на Динамо Киев. Слабите резултати пресудија, и искусниот романски тренер не е повеќе дел од гигантот од Украина. Претходно тој со успех го водеше и Шахтјор.
Кога се претпоставуваше дека Луческу ќе ја заврши кариерата, сега се шпекулира дека тој ќе ја „вади“ екипата на Лион, и ќе ја спасува од испаѓање.
На Лион оваа сезона не му оди во францускиот шампионат, тимот се бори за опстанокот, а веќе сменија два тренери. Почна Блан, па беше донесен Гросо, но сега тимот е без тренер.
Луческу покрај Шахтјор и Динамо Киев, во минатото беше и во Зенит, Бреша, Реџиана, Пиза, Интер, работеше и во Tурција во Галатасарај и Бешикташ, а беше предводник и на турската репрезентација, како и на својата Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА