Мирчеа Луческу ја потресе романската јавност откако утрово беше објавено дека селекторот имал срцев удар пред тргнувањето на гостувањето во Словачка.
Првите информации говореа дека тој колабирал на тренинг, но потоа медиумите се поправија, обелоденувајќи дека на Луческу му се слошило за време на тимскиот состанок наменет за видео-анализа.
За среќа, 80-годишниот стратег се чувствува многу подобро, па од болницата во Букурешт даде и изјава за романските медиуми обелоденувајќи што се случило.
„Чувствував дека не можам да дишам, потоа загубив свест, но најважно е што сега се е добро, јас сум ОК.. Што се случи? Се налутив гледајќи ја снимката од мечот со Турција. Бев бесен, некои неверојатни грешки што ги направивме придонесоа да загубиме во Истанбул“, истакна Луческу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

