Луческу со револуционерна идеја: Првенството на Украина ќе продолжи во Романија?

Романската фудбалска федерација има идеја украинското првенство, прекинато поради нападот од Русија, да продолжи во Романија. Главен лобист на оваа идеја е Мирчеа Луческу, сегашниот тренер на Динамо Киев, кој во минатото долги години го водеше Шахтјор.

Романците сметаат дека имаат се што е потребно првенството да продолжи во таа земја и дека тимовите би биле пречекани безбедно, за да продолжи сезоната.

Сите фудбалски челници дадоа поддршка на оваа идеја. Во шампионатот на Украина во моментов води Шахтјор со два бода предност пред Динамо Киев, а седум повеќе од Днепар. До крајот има уште 12 кола.

Првенството беше прекинато веднаш по нападот на Русија врз Украина.

Се вчитува...