Луд ден на СП – Чупиќ ја спаси Хрватска од срам против Јапонија, реми и на Шпанија со Бразил

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ ја спаси Хравтска од срам на мечот со Јапонија откако со гол од пенал на пет секунди до крајот донесе реми (29-29). Хрватите во балкански манир на почетокот го потценија противникот, мислејќи дека ова за нив ќе биде само обичен тренинг натпревар. Јапонците во првиот дел во неколку наврати имаа предност од шест гола, а на полувреме заминаа со 17-14.

Во вториот дел Хрватска успеа да се врати, но во последните десет минути се играше гол за гол, а на крајот голот на Чупиќ од пенал спаси голем срам. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар поединец во таборот на „коцкестите“, додека кај Јапонците Агарие и Токуда завршија со по пет гола.

Слично беше и на мечот меѓу Шпанија и Бразил, во кој во последните минути актуелниот европски шампион успеа да спаси реми и да освои бод на отворањето на првенството 29-29.

Германија во нејзин стил си поигра со репрезентацијата на Уругвај добивајќи ја со убедливи 43-14, додека Аргентина во вториот дел го сруши отпорот на ДР Конго совладувајќи го со 28-22.

Се вчитува...