Луд дочек за Перо Антиќ во Барселона (ФОТО)

Кошаркарите на Црвена звезда денеска пристигнаа во Барселона, каде утре вечер ќе се сретнат со каталонскиот гигант во рамките од Евролигата.

„Специјален дочек“ во Каталонија имаше нашиот Перо Антиќ, кој во хотелот налета на свој „двојник“, и тоа облечен во дрес на Црвена звезда. Директорот на клубот, Давор Ристовиќ, ја објави на социјалните мрежи оваа интересна фотографија од Антиќ со фан на „црвено-белите“, за кого е повеќе од јасно кој му е омилен кошаркар од сегашниот ростер на Црвена звезда.

 

Се вчитува...