Луд меч на КАН: Камерун губеше до 87. минута, на крај победи со помош на ВАР (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Камерун се „протна“ во следната фаза на Купот на Африканските нации, откако ја совлада Гамбија со 2-3, и тоа со гол во финишот.

Камерунците губеа со 2-1 до 87. минута, потоа успеаја да израмнат, па да дојдат до пресврт, а Гамбија успеа дури и да израмни, меѓутоа нивниот гол беше поништен по консултација со ВАР.

Токо Екамби во 56. минута донесе предност за Камерун, но Гамбија со два гола направи пресврт. Џалоу израмни во 72. минута, за Коли во 85. минута донесе предност за Гамбијците. Автоголот на Гомез успеа да дојде до израмнување, а Ву во 91. минута и предност. Сане во 94. минута донесе израмнување, но радоста ја скрати ВАР, кој виде играње со рака.

Во вториот меч од групата, Сенегал ја совлада Гвинеја со 2-0, и со максимален број на победи се пласираше во следната фаза.

Се вчитува...