Њукасл ја забележа првата гостинска победа сезонава откако по голема борба славеше на дуелот на „Молинју“ против Вулверхемптон со 1-2. Еди Хау може да биде горд на покажаниот карактер на својот тим кој по 79 минути игра имаше негатива, но со два прекрасни погодоци успеа да стигне до целосен пресврт и победа.
Мечот беше отворен од двете стани, но Вулверхемптон прв дојде до водство, по одличната тимска акција што Лемина ја претвори во водечки погодок откако двајца домашни играчи умешно ја прескокнаа топката пред таа да стигне до стрелецот.
Њукасл притискаше да стигне до израмнување, за конечно тоа да му успее во 80. минута, кога дефанзивецот Фабијан Шар со проектил од 25 метри ја смести топката во десниот горен агол од голот на „волците“.
Домашниот тим беше во шок, а Њукасл го искористи тоа за нов гол, и тоа со ново ремек-дело само пет минути подоцна. Овојпат во главна улога беше Харви Барнс, кој биеше маестрално од дваесетина метри со левата нога, против немоќниот домашен голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА