Луд меч во Гостивар: Кехинде од пенал донесе три бода за домаќините против Македонија ЃП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Гостивар славеа со 1-0 против Македонија ЃП во меч од последното 18. зимско коло во Првата македонска фудбалска лига.

Дефинитивно фудбалер број еден по првите 45 минути беше голманот на гостите Христијан Стевковски кој е најголем виновник за тоа што неговиот тим немаше негатива на пауза. Искусниот голман успеа да спречи четири чисти шанси на домашните фудбалери, меѓу кои на Кехинде и Атиемвен.

Гостите својата најголема шанса ја имаа во 78. минута, кога младиот Алији одлично биеше, но неговиот удар го скроти голманот на домаќините Абази. Клучниот момент во мечот се случи во 90. минута кога Кехинде од пенал донесе три бода за Гостивар. Гостите се незадоволни бидејќи само минута порано, над Пецов не беше санкциониран чист пенал.

ПМФЛ 18. КОЛО: 

ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

УТРЕ: 13.00 

АП БРЕРА – ШКУПИ 

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 

ВАРДАР – ТИКВЕШ 

ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...