Луд меч во Истанбул: Хејс-Дејвис го расипа шоуто на Ти-Џеј Шортс

Фенербахче во еден од најинтересните натпревари во Евролигата оваа сезона успеа да слави над Париз со 101-00, во меч во кој блескаше Ти-Џеј Шортс, но извонредниот настап на македонскиот репрезентативец не беше доволен за францускиот тим со победа да си замине од Истанбул. Хејс-Дејвис беше херојот на Фенербахче, со тројка со звукот на сирената носејќи ја победата на турскиот гигант, на огромно разочарување на Шортс и неговите соиграчи.

Париз бепе подобар тим во речиси целиот натпревар, ако се знае дека повеќе од 20 минути гостите имаа и двоцифрена позитива. Најубедливата предност беше 15 поени, во последниот период Париз имаше „плус 13“, но тогаш на сцена стапи Хејс-Дејвис, со неколку реализации во низа успевајќи да го врати Фенер во игра.

Турците за момент поведоа, но тогаш Шортс ги презеде работите во свои раце, со неколку реализации враќајќи го Париз во водство. Македонскиот плејмејкер блесна со успешно положување за предност од 98-100 на 2,5 секунди до крајот, но по тајмаутот на Јасикевичиус домаќините ја одработеа последната акција, па Хејс-Дејвис со тројка ги крена на нозе сите домашни фанови во арената во Истанбул.

Шортс беше одличен со дабл-дабл од 19 поени и 10 асистенции, но и тоа беше недоволно за ПСЖ да стигне до триумф. Најефикасни во таборот на Фенербахче беа Гудуриќ со 25 и Хејс-Дејвис со 19 поени.

Се вчитува...