Арминија и стави крај на серијата од пет победи во низа на Баерн Минхен откако на „Алијанц“ арената двата тима ремизираа со 3-3 во 21. коло од Бундеслигата. Снегот создаде неповолни услови за игра во првото полувреме, а во истото подобро се снајдоа гостите кои поведоа со 2-0 по 45. минути. Германците брзо интервенираа па во вториот дел од натпревар ја снема снежната покривка на теренот, а двата тима продолжија со фантастичното голгетерско темпо.
Натпреварот го отвори Мишел Влап во 9. минута од натпреварот, а водството за гостите го дуплираше Амос Пипер во 37. минута. Баерн успеа да го преполови водството во 47. минута преку Роберт Левандовски, но предноста од два гола ја врати Кристијан Гебауер само минута подоцна. Толисо во 58. минута повторно ја намали предноста на гостите, а Алфонсо Дејвис со прекрасен удар го изедначи резултатот на 3-3 во 70. минута.
Двата тима имаа одлични шанси за ново водство до крајот на дуелот, а поблиску до нова предноста беа гостите на кои им беше поништен гол по прегледување на ВАР снимката поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

