Луд меч во Минхен: Три црвени картони, па осум гола во мрежата на Дармштад

Баерн Минхен го демолираше Дармштад со 7-0 во еден од најчудните натпревари во Бундес-лигата сезонава. Триумфот е апсолутно заслужен, но малкумина очекуваа ваков расплет откако Баерн во 4. минута остана со играч помалку по исклучувањето на Кимих. Сепак, до крајот на полувремето главниот судија покажа уште два црвени картони, двата за гостински фудбалери, за прв меч во историјата на Бундес-лигата во кој биле покажани три црвени картони во првото полувреме.

На одмор се замина со резултат 0-0, но затоа Баерн ја демонстрираше сета своја моќ во вториот дел, кога шампионот го демолираше новиот прволигаш. Хари Кејн ја отвори серијата голови (заврши со хет-трик), а по него со леснотија се тресепе противничката мрежа. Најубавиот гол сепак го постигна Кејн, оној петтиот кога англискиот ас од половина терен го изненади гостинскиот голман. Меѓу стрелците се запишаа и Сане, Мусиала и Милер, а гостинскиот голман имаше уште неколку бравурозни интервенции, спречувајќи уште поголем дебакл на својот тим на „Алијанц Арена“.

Штутгарт загуби на домашен терен од Хофенхајм со 2-3, прв меч што „швабите“ го одиграа без својот најдобар напаѓач Гираси (поради повреда) и веднаш претрпеа пораз, додека Аугсбург со пресврт во второто полувреме го совлада Волфсбург со 3-2.

Резултати Германија:

Аугсбург – Волфсбург 3-2, Штутгарт – Хофенхајм 2-3, Вердер – Ун. Берлин 2-0, Борусија М. – Хајденхајм 2-1, Баерн М. – Дармштад 8-0.

Се вчитува...