Јувентус и Салернитана го одиграа најлудиот натпревар во Серија А оваа сезона. Во 6. коло малиот тим гостуваше кај „старата дама“, а во натпреварот кој ВАР поништи пресврт на домаќините во судиското продолжение беа забележани и четири црвени картони.
Со голот на Кандрева Салернитана поведе во 18. минута, а шок за домаќините приреди Пјонтек кој во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме донесе 2-0.
Веќе на отварањето на второто полувреме Бремер успеа да намали на 2-1, а овој резултат остана на семафорот се до 93. минута. Бонучи имаше шанса од белата точка да донесе изедначување, но откако не успеа во обидот топката заврши во неговите нозе, а овој пат не погреши за 2-2.
Минута подоцна Милик донесе целосен пресврт, но по интервенција на ВАР голот беше поништен поради офсајд на Бонучи… Домаќините не успеаја да ги смират страстите по одлуката на судијата, а епилогот од „кошкањето“ беа три црвени картони. Милик, Квадрадо, Фазио и Алегри „поцрвенеа“, а натпреварот заврши без победник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА