Луд натпревар и реми во „малото македонско дерби“ во „Цвајти“ (ВИДЕО)

Малото македонско дерби во Втората фудбалска лига на Германија без победник 3-3 откако Висар Муслиу и неговиот Падерборн одиграа реми 3-3 против Шалке 04 на Дарко Чурлинов.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Караман од пенал во 32. минута. На 2-0 зголеми Ласме во 58. минута. Само две минути подоцна гостите преку Зентер намалија на 2-1. 2-2 беше во 78. минута откако прецизно од пенал стрелаше Кинсомби. Целосен пресврт (2-3) донесе Клас во 86. минута, додека конечните 3-3 беа дело на Топ во 93. минута.

Висар Муслиу беше стартер за својот Падерборн и го одигра целиот меч, додека Дарко Чурлинов доби шанса во 85. минута.

Schalke 2-[3] Paderborn – Sebastian Klaas 86'
byu/suedney insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...