„Луд“ натпревар со триумф на Орландо, Клиперс го добија дербито на Лос Анџелес

Јута Џез загуби од Орландо Меџик во најинтересниот натпревар синоќа во НБА лигата, и тоа по продолжението со 128-127, откако регуларниот дел заврши со 118-118.

Во тимот на Јута, Јусуф Нуркиќ постигна четири поени, додаде осум скока и пет асистенции за 21 минута на паркетот.

Лука Гарза, пак, одигра незаборавен натпревар во победата на Бостон Селтикс од 112-96 над Торонто Репторс. Гарза оствари дабл-дабл учинок од 12 поени и десет скока за 25 минути на теренот, а на тоа додаде и два скока, со што се врати на најдобар начин по неколку натпревари во кои имаше помалку минути.

Бостон до победата го предводеше Причард со 33 поени, десет асистенции и седум скока, а прво име за Торонто беше Инграм со 24 поени, кои исто така ги додаде Мамукелашвили.

Во тимот на Јута Џез, Џорџ беше најефикасен со 27 поени, четири скока и девет асистенции, а кај Орландо, Бејн се истакна со 32 поени и шест скока.

Во дербито на Лос Анџелес, ЛА Клиперс ги победија ЛА Лејкерс со 103-88. Кај Клиперс, Леонард постигна 30 поени и 11 скока, додека кај Лејкерс, Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 36 поени, четири скока и три асистенции.

НБА – РЕЗУЛТАТИ

Њу Орлеанс Пеликанс – Индијана Пејсерс 128-109

Филаделфија – Далас Маверикс 121-114

Торонто Репторс – Бостон Селтикс 96-112

Детроит Пистонс – Шарлот Хорнетс 112-86

Мемфис Гризлис – Вашингтон Визардс 122-130

Голден Стејт Вориорс – Финикс Санс 119-116

Јута Џез – Орландо Меџик 118-118 (пр. 127-128)

Сакраменто Кингс – Портланд Треил Блејзерс 93:98

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103-88

Се вчитува...