Во неверојатен натпревар Иран славеше над Велс со 2-0 во натпревар од 2. коло од групата Б на Светското првенство во Катар.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Велс. Кифер Мур одлично биеше од пад во 13. минута, но феноменална интервенција на голот имаше Хосеини кој го спречи неговиот удар. Иранците поведоа со 0-1 со погодокот на Голизадех во 15. минута, но поради офсајд погодокот по проверка на ВАР беше поништен. Шанса за Иранците имаше и Азмун, но не се снајде баш најдобро во 23. минута. Истиот фудбалер имаше уште една шанса во судиското надополнување, но биеше покрај голот.
Неверојатен старт ни донесе второто полувреме. Велшаните имаат неверојатна среќа откако ги видовме едни од најлудите 20 секунди во историјата на Светските првенства. Иранците во 20 секунди имаа три чисти шанси, меѓу кои погодија статива, пречка и еднаш биеја во голманот Хенеси.
Во 85. минута Велс останаа со играч помалку во финишот на натпреварот против Иран во меч од 2. коло во Б групата на Светското првенство во Катар.
Голманот на Велшаните Вејн Хенеси брутално стартуваше над Иранецот, Тареми. Главниот судија прво се одлучи да му додели само жолт картон на велшкиот голман, но по преглед на ВАР, Хенеси заслужено доби црвен картон.
Клучниот момент се случи во 98. минута кога Чешми донесе водство за Иран од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Резајан во 111. минута.
Wayne Hennessey (Wales) straight card against Iran 86′ + VAR from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА