Луд натпревар во Мелбурн: Ланската финалистка во маратон елиминирана од Австралија опен

Третата носителка во светот и ланска финалистка на Австралија опен доживеа елиминација во 2. коло од првиот гранд-слем турнир во сезоната откако во трилер меч загуби од Русинката Ана Блинкова со 2-1 по сетови (6-4, 4-6 и 7-6).

Откако двете тенисерки си поделија по еден сет со 6-4, третиот сет ни донесе вистинска лудница. На крајот беше решен во супер тај-брејкот, каде Блинкова ја искористи дури 10 меч топка и славеше со 22-20. Рибакина во третиот сет имаше вкупно седум меч топки. Инаку, ова беше најдолгиот тај-брејк во женска конкуренција во историјата на гранд-слемите.

Во 3. коло Блинкова ќе се сретне со Италијанката, Јасмин Паолини.

Елиминација доживеа и Холгер Руне кој загуби од младиот Французин Артур Казо со 3-1, по сетови 7-6, 6-4, 4-6 и 6-3.

Се вчитува...