Само 57 секунди игра и требаа на Турција да дојде до предност над Австрија. Од првиот изведен корнер, и големата конфузија во одбраната на Австрија, стрелаше Демирал.
Австрија веднаш врати со офанзива, веднаш две шанси, но не успеа да го најде патот до голот. И кога се чинеше дека овој меч ќе биде отворен до крај, и дека ќе има многу „рафални напади“, сепак, потоа мечот мина мирно, главно на средината на теренот.
Неколку груби прекршоци на средината, се игра цврсто, Турците не сакаат да дозволат Австријците да дојдат до голот, додека Турција ја чека својата шанса преку брзите играчи од контра да даде втор гол, и да се доближи до 1/4 финалето.
Останува уште едно полвуреме, и сега Австрија е на потег која треба да брка израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА