Луд почеток на Калчото во 2021 година (ВИДЕО)

Доколку денот по утрото се познава не очекува неверојатна година во италијанската Серија А. Во првиот меч за 2021 година Интер и Кротоне ни приредија неверојатно прво полувреме во кое паднаа дури четири гола (2-2).

Гостите поведоа со голот на Занелато во 12. минута. На 1-1 израмни Лаутаро Мартинез во 20. додека истиот фудбалер во 31. донесе водство за „нероаѕурите“ од 2-1. До крајот на првите 45. минути гостите израмнија со голот од пенал на Големик.

 

Се вчитува...