Манчестер сити во минатото коло загуби од Норвич со 3-2, но денеска избраниците на Гвардиола го истурија сиот свој бес врз Ватфорд.
„Граѓаните“ го имаат најимпресивниот старт во историјата на Премиер-лигата, откако за само 17 минути постигнаа дури пет погодоци. Серијата ја отвори Давид Силва, на 2-0 од пенал зголеми Агуеро, а по него меѓу стрелците се запишаа и Марез, Бернардо Силва и Отаменди.
Има уште многу да се игра на „Етихад“, па прашање е со колку гола во мрежата ќе се врати Ватфорд назад во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА