Килијан Мбапе и неговиот поранешен клуб ПСЖ започнаа судска постапка која може да се карактеризира како една од најбизарните во историјата.
Имено, според француските медиуми сегашниот фудбалер на Реал Мадрид го тужи парискиот клуб за скромна сума од 240 милиони евра како оштета за штетата што ја претрпе по неговото заминување во летото 2024 година. Мбапе, исто така, ги обвинува своите поранешни менаџери дека не го прекласифицирале неговиот договор на определено време во траен, како и дека не му платиле 55 милиони евра плати и бонуси.
Барања има и самиот ПСЖ и тоа во висина до 180 милиони евра како обесштета за лажното ветување за продолжување на договорот, кое не се случи и заминување на фудбалерот како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

