Луда најава на Кадиз за дуелот со Барса: Ако овој камион може да помине… (видео)

Кадиз утре ќе ја пречека Барселона во новото коло од Примера дивизион, дуел на кој домаќините ќе ја имаат улогата на аутсајдер против каталонскиот гигант предводен од Роберт Левандовски.

Јасно е дека во Ла Лига се случувале и поголеми чуда, па фудбалерите на Кадиз нема да се предадат без борба, а многу интересна е и најавата на официјалниот твитер-профил на Кадиз.

„Ако овој камион може да мине овде, зошто тогаш Кадиз да не може да ја победи Барселона“, вели описот на видео од камион како минува во една неверојатна ситуација…

Се вчитува...