Бруклин славеше по продолжение против Атланта со 128-132 во еден од 12 синоќешни натпревари во НБА лигата, а во прв план повторно беа Кевин Дурант и Џејмс Харден.
Дурант постигна 32 поени, дополнети и со пет скока и две асистенции, а извонредниот Харден запиша 31 поен, но со 15 асистенции и осум скока. Ирвинг дополни со 26 поени, и тие тројца практично сами го добија натпреварот ако се знае дека никој од нивните соиграчи не постигна повеќе од 12 поени.
ЛА Лејкерс загубија од Филаделфија со 107-106 со поените на Харис на три секунди пред крајот. На „езерџиите“ не им помогнаа ниту 34 поени на Леброн Џејмс, кој немаше најдобра поддршка од соиграчите. Ембид беше одличен кај Филаделфија со 28 поени и шест скока.
Изминатава ноќ, сепак, ја одбележа Руди Гоберт кој во победата на Јута против Далас од 116-104 имаше „дабл-дабл“ ефект од 29 поени и дури 20 скока.

Расположен беше и Бил кој постигна 47 поени, но тоа не беше доволно Вашингтон да слави против Њу Орлеанс (124-106).
Во дербито на вечерта Милвоки триумфираше против Торонто со 108-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

