„Луда партија“ на Зек Ледеј за триумф на Милано против Панатинаикос, Димитријевиќ со четири поени

Олимпија Милано забележа значајна победа над големиот фаворит Панатинаикос со 87-75 во 24. коло од Евролигата.

Тимот од Милано одигра одличен натпревар воден пред се од неверојатниот Зек Ледеј кој имаше „луда партија“ завршувајќи со 33 поени, а дополнети и со осум скока.

Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ полека, на најдобар начин, се враќа во форма по паузата поради повредата. Одигра нешто повеќе од 11 минути на паркетот завршувајќи со 4 поени, две асистенции и еден скок.

Победа запиша и Париз труимфирајќи во француската пресметка против Лион Вилербан со 91-82.

Американецот со македонски пасош, Ти-џеј Шортс запиша 13 поени, дополнети и со шест асистенции и четири скока за 24 минути на паркетот.

Се вчитува...