Луда понуда: Ал Хилал нуди една милијарда евра за ангажман на Мбапе

Саудискиот клуб Ал Хилал ги надмина сите можни граници во желбата за трансфер на еден фудбалер со вртоглава понуда од една милијарда евра за услугите на Килијан Мбапе. Саудиците нудат 300 милиони евра на ПСЖ за ангажман на нивниот фудбалер и 700 милиони евра за Французинот вклучувајќи ја платата и маркетиншките цели за само една сезона, пренесуваат светските медиуми.

ПСЖ без двоумење ја прифатил понудата на Ал Хилал па останува да вродат плод преговорите со самиот фудбалер кој на 24-годишна возраст е повеќе заинтересиран за настап во Европа отколку во Саудиска Арабија, но оглед на околностите не се исклучува можноста за најсензационалниот трансфер во историјата на фудбалот.

Се вчитува...