Луда среќа: Фудбалер на Тотенхем преживеал престрелка со 29 испукани куршуми

Десниот бек на Тотенхем, Емерсон Ројал, имаше многу среќа откако излезе неповреден од вооружениот грабеж во кој беа истрелани 29 куршуми, во бразилската сојузна држава Сао Паоло.

Ројал е на летен одмор во татковината и ја минал ноќта во една дискотека, но на излегувањето од неа бил пресретнат од криминалец кој тргнал да го ограби фудбалерот. Емерсон му ги дал часовникот и златното ланче, но целиот инцидент го забележал еден полицаец, кој тргнал да го спасува фудбалерот, по што дошло до престрелка меѓу него и ограбувачот.

Притоа двајцата испукале вкупно 29 куршуми, а Емерсон Ројал успеал да остане неповреден. Подебелиот крај го извлекол ограбувачот, кој бил погоден со еден куршум, уапсен и пренесен во болница.

„Тоа беше семејна прослава. Јас излегов неколку минути подоцна, но видов што се случи. Тоа беше сцена од хорор филм,што не ја посакувам никому“, изјави таткото на Емерсон Ројал за „Глобо Еспорте“.

Се вчитува...