Феникс Санс славеа над Њу Орлеанс со 123-114, но натпреварот ќе се памети првенствено по немилиот инцидент во третата четвртина, кога дојде до физички судир меѓу Хозе Алварадо и Марк Вилијамс.
Инцидентот се случи на околу 2 минути до крајот на третата четвртина, кога Санс водеа со 87-83. Алварадо се обиде да помине низ пик поставен од Вилијамс (висок 216 см), при што го турна центарот на Санс и заработи офанзивен фаул. По свирката, Вилијамс го турна Алварадо (висок 183 см) одзади, по што ситуацијата брзо ескалираше – двајцата кошаркари разменија удари со тупаници пред да бидат разделени од соиграчите и судиите.
И двајцата беа исклучени од натпреварот. Огромната разлика во височина меѓу „тешкашот“ Вилијамс и „пердувот“ Алварадо го направи судирот визуелно впечатлив, но навремената интервенција спречи поголема ескалација.
Fight night in New Orleans!😳 pic.twitter.com/13lZ85jR7N
— Mr Big Bets (@Bigbetsbrand123) December 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

