Луда „тепачка“ во УФЦ: Крвава борба во Абу Даби (ВИДЕО)

Долго ќе се зборува за УФЦ борбата меѓу Макс Холовеј и Келвин Кејтер. Фановите на овој спорт видоа голема и крвава победа во Абу Даби, која припадна на „лудиот“ Макс.

Поранешниот шампион на УФЦ, Холовеј, целосно доминираше, па се чини нереално што се издржа Кејтер. Имаше удари од сите страни со разни комбинации. Кејтер неколку пати се враќаше од „мртвите“, но немаше индикации дека може да се случи пресврт.

Сепак, во последната рунда, Макс погледна во неговиот тим и разговараше со Дана Вајт, избегнувајќи удари без да гледа во противникот.

Неверојатно, но се случи Кејтер да даде удари гледајќи надвор од кафезот, а на крајот одлуката на судијата беше едногласна со 50-43, 50-43 и 50-42, со моќна статистика. Макс имаше 445 значајни удари, Китер само 133, но дури и со овој ефект, тој успеа да го раскрвари Холовеј.

По оваа борба, Дана Вајт ќе мора да му даде шанса на Макс да го нападне појасот во перолесна категорија.

 

Се вчитува...