Британецот во болидот на Мерцедес, Џорџ Расел е изненадувачки победник на трката за големата награда на Австрија, која што се возеше на „Ред бул ринг“.
Големата борба меѓу Ферстапен и Норис резултираше со тоа што двајцата останаа со големи проблеми со болидот по еден судар, по што првата позиција му ја препуштија на Џорџ Расел кој го искористи сето тоа за победа.
На крајот oвој судир значеше крај за Норис, додека Ферстапен заврши на петата позиција. Второто место му припадна на Пјастри во болидот на Мекларен, додека подиумот го надополно Сајнц во Ферари. Хамилтон заврши како четврти, Ферстапен петти, додека во топ 10 уште беа и: Хулкенберг, Перез, Магнусен, Рикардо и Гасли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА