Луда трка во Унгарија – Окон прв, место на пиедесталот и за Хамилтон, Ферстапен возеше со „половина болид“

Големата награда на Унгарија донесе одлична трка на која по голема драма за прв пат првото место му припадна на Естебан Окон. Второто место му припадна на Себастијан Фетел, додека како трет трката ја заврши Луис Хамилтон, а Холанѓанецот во болидот на Ред Бул мораше да се задоволи со 10. место.

По каранболот во првиот круг, трката ја завршија Норис, Перез, Стол, Ботас, а Ферстапен имаше сериозно оштетување на болидот до самиот крај на трката со што Луис Хамилтон остана осамен на првата позиција.

Сепак Британецот не успеа да го задржи своето место откако тимот „киксна“ со замена на гумите при рестартот на трката по што возачот на Мерцедес мораше да влезе во боксот круг подоцна, а со тоа заврши како последен.

Сепак Хамилтон ја потврди својата класа во продолжението од трката во која и покрај сите проблеми кои му ги зададоа болидите пред него успеа да се качи на пиедесталот и со новите бодови да го престигне Холанѓанецот на првата позиција на возачката табела.

Бодови освоија и Саинз, Алонсо, Галси, Тцуода, Латифи, Расел и Фестапен.

Се вчитува...