Луда вечер во УФЦ: Оливеира победи, но ја изгуби титулата

Уште една неверојатна и со изненадувања исполнета УФЦ борба е зад нас. Во Феникс беше одржан УФЦ 274, а во главната борба се одлучуваше за титулата во лесна категорија.

 

Чарлс Оливеира кој ја бранеше шампионската титула, го победи Џастин Гатје терајќи го со гушење во првата рунда да ја предаде борбата, но парадоксално е тоа што остана без шампионскиот појас поради тоа што ја немаше потребната тежина на мерењето.

Беше тоа втор обид на Џастин Гаетје да го освои шампионскиот појаз, но повторно е сопрен исто како во октомври 2020 и борбата со Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...