ЛA Клиперс ги победија Лејкерси со 112-104 во градското дерби синоќа во НБА лигата.
Кавај Ленард ги предводеше Клиперси со 24 поени, кој успеа да дојде до 23-ти натпревар по ред, со најмалку 20 поени. Џејмс Харден додаде 18 поени, со 10 асистенции, седум скока и седум изгубени топки. Хрватот Ивица Зубац исто така беше одличен со 18 поени и 19 скока, од кои 10 беа офанзивни.
Вкупно седум играчи на Клиперси, од деветте што играа, имаа двоцифрен број на поени. Џордан Милер постигна 14, Џон Колинс 13, Коби Сандерс 11 и Брук Лопез 10 поени. Богдан Богдановиќ не беше во поставата поради повреда.
На Лејкерси не им помогна одличната вечер на Лука Дончиќ со 32 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки. Дончиќ имаше проблеми со шутот, тој погоди 11 од 27 обиди од поле, од кои само три тројки од 13 шута.
Го следеа Леброн Џејмс со 23 поени, шест асистенции и пет скока, Руи Хачимура додаде 12, а Маркус Смарт додаде 10 поени.
Клиперсите победија во седум од последните осум натпревари. Лејкерси сега имаат скор од 5-6 во последните 11 натпревари.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Шарлот 97-124
Вашингтон – Денвер 97-107
Филаделфија – Хјустон 128-122
Далас – Голден Стејт 123-115
Минесота – Чикаго 115-120
Јута – Сан Антонио 109-126
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112-114
Портланд – Мајами 127-110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

