Луда завршница во Турција – Клајбурн со тројка во последната секунда донесе „брејк“ за Ефес против Фенер

Вториот натпревар од полуфиналната серија во турското кошаркарско првенство донесе спектакуларен натпревар во домот на Фенербахче каде славеше Ефес за изедначување на серијата на 1-1 во супердраматична завршница во која победникот (90-92) беше одлучен во последната секунда.

Откако Хејс украде топка и положи на 90-89 на шест секунди пред крајот на натпреварот, следеше одговор од страна на Клајбурн кој во последниот напад на средбата во стилот на Саша Ѓорѓевиќ погоди за три поени за злато вредна победа.

Се вчитува...